Кои сме ние

ДООРС ИМПЕКС ДООЕЛ е компанија основана во 2008г. во Скопје. Нудиме продажба, монтажа и сервис на повеќе видови гаражни врати, автоматики, противпожарни и индустриски производи.

Нашиот тим претставува клучен дел од тоа кои сме, како функционираме и како ја градиме иднината. Експертизата, искуството и вештините на нашите вработени се во корелација со ефикасната примена на современи технологии.
Нашата главна стратегија е да понудиме производ со врвен квалитет и достапни цени.

Производи

Доорс Импекс располага со широк спектар на гаражни врати, метални и стаклени противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци за нив, како и индустриски производи, и тоа сегментни врати, хидраулични товарни рампи и мостови, брзи врати и многу повеќе.

Користените материјали гарантираат сигурност, издржливост и долг животен век на секој производ. 

Партнери

Доорс Импекс на своите клиенти им овозможува квалитетни производи од реномираните европски брендови Doorhan (Чешка), Motorline professional (Португалија), Novoferm (Германија), Locher (Италија), Marantec (Германија) и Wisniowsk (Полска).