social image

ПАРТНЕРИ

Компанијата Doorhan е основана во Русија, каде во 1994 година ја има инсталирано првата сегментна врата од сопствено производство. Од тогаш, компанијата DoorHan прерасна од мала компанија во мултинационална производствена холдинг компанија.
Компанијата Motorline professional е една од првите во индустријата за автоматизација, која го вреднува дизајнот. Формирана од мултидисциплинарен тим, дистрибуиран од неколку оддели, со цел постојано подобрување и развој на производи и задоволство на купувачите.

Високиот естетски квалитет на нивните производи се заснова на вниманието што им се дава на деталите, што доведе до важно меѓународно признавање. Motorline professional извезува во повеќе од 40 земји, меѓу кои и Македонија.
Со повеќе од 2500 вработени, Novoferm е еден од најголемите европски компании за снабдување на врати, гаражни врати, рамки и оператори, за употреба во приватниот, трговскиот и индустрискиот сектор. Основана во 1955 година, денес произведува во западна Европа и Азија и ги дистрибуира своите производи во многу земји во светот, меѓу кои и Македонија.

Нивните производи се сертифицирани со ISO 9001. Од октомври 2003 година припаѓа на јапонската група Sanwa Holdings.
Италијанската компанија LOCHER има иновативни производствени капацитети, опремени со технолошки напредни и флексибилни системи за обработка. Производството на сите LOCHER производи резултира со сертификација според постапката за контрола на системот за квалитет според UNI-EN стандардите.

Вратите произведени од LOCHER се исто така технолошки дизајнирани и произведени за да се обезбеди леснотија на транспортот, складирањето и инсталацијата.
Marantec развива и произведува технички иновативни системи  уште од 1957 година. Со седиште во Источна Вестфалија, Германија, нивните системи за отворање и контролни системи се поставуваат во сите видови врати и порти: гаражни врати, нишални порти и лизгачки порти, индустриски порти и паркирни бариери. Нивните сертифицирани системи за отворање ги исполнуваат сите законски стандарди за меѓународните пазари и инконпонираните патентирани технологии за максимална безбедност и погодност. Marantec е сертифицирана по ISO 9001.
Компанијата WISNIOWSKI има повеќе од 25 години искуство во градежната индустрија. Нивниот технолошки и производствен центар обезбедува високи стандарди, додека константните подобрувања во вештините, производите и технолошките линии допринесуваат за врвниот квалитет на нивните производи.